ЗА НАС
10. 12. 2025
СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАШАТА КАРИЕРА
Fasolt Personalvermittlung е регрутерска агенција од Германија и е фокусирана на водење
на медицински пероснал низ процесот на запослување, нострификација, преселба, сместување, интеграција и вработување во Германија.
Ние соработуваме со Агенцијата Winston Recruitment d.o.o во Белград, Србија.

19. 12. 2025
Мисија / Основна декларација на Фасолт
– Агенција за посредување
Ние им помагаме на луѓето да изградат подобра иднина. Активно придонесуваме кон затворање на
кадровскиот јаз во германскиот систем за здравствена нега. Нашето регрутирање и посредување се
одвива фер и етички. Работиме брзо и ефикасно. Ние сме доверливи и доследни. Постапуваме
транспарентно и проверливо. Добросостојбата на нашите кандидати е од суштинско значење за нас –
и во процесот на регрутирање и по завршеното посредување. Го почитуваме Кодексот на однесување
на СЗО, принципите на Меѓународната организација на трудот (МОТ), насоките за регрутирање на
МОТ, како и основните принципи на Обединетите нации и меѓународните договори за човекови
права на ООН.
Во речиси секоја земја од Западен Балкан имаме тим што ги придружува кандидатите на самото
место низ целиот процес пред нивното заминување. Потоа го презема германскиот тим, кој стои на
располагање за помош во сите последователни чекори. Запознаени со културните особености и
пазарот на труд во Западен Балкан и во Германија, можеме – како никој друг – свесно и целно да се
погрижиме за грижите и желбите на нашите кандидати.
Нашите кандидати – стручните здравствени негуватели:
Ние регрутираме само таму каде што пазарот на труд за стручни негуватели е пренаситен. Таква е
состојбата на Западен Балкан. Поради тоа, нашите кандидати се подготвени да ја напуштат својата
татковина за да можат во Германија, под добри услови, да ја вршат својата професија.
Нашето посредување за нив е бесплатно: Тие немаат обврска да покриваат трошоци за посредување –
ниту кон нас, ниту кон нивниот идeн работодавач, ниту пред ниту по вработувањето. Ние ги сфаќаме
нашите кандидати сериозно и сме постојано достапни – лично и преку нашето одделение за
постапување по претставки.
Нашите клиенти – болниците:
Им помагаме на нашите клиенти да го надминат недостигот на кадар, со персонал кој соодветствува
на нивните потреби. Болниците располагаат со концепт за интеграционо управување согласно ДКФ,
кој е под наша контрола. На тој начин новите вработени брзо стануваат почитувани членови на
тимот. Болниците ја покриваат и провизијата за посредување.







